Сектор за Млади
Ден на Оддржување:
Младинска иницијатива – Работилница со акредитиран психотерапевт

На 06.11.2024, во просториите на НОВУС, беше реализирана младинската иницијатива, на која беше замислен како едукативна и мотивациска средба со Елена Ивезиќ – кредитиран психотерапевт од Велика Британија.
Во текот на иницијативата, учесниците имаа можност да слушнат инспиративна приказна за професионалниот пат на Елена до нејзината лиценца како психотерапевт во Велика Британија. Преку оваа дискусија, младите беа мотивирани да размислат за кариери во полето на менталното здравје. Се заклучи дека процесот на станување психотерапевт во Македонија не е многу различен од оној во Британија.
Дополнително, беше направена споредба помеѓу британскиот и македонскиот здравствен систем, со фокус на поддршката за ментално здравје. Елена ги појасни клучните разлики меѓу психолог, психијатар и психотерапевт, по што следеше дискусија за тоа кога и зошто луѓето бараат психотерапевтска поддршка.