Сектор за Млади
Ден на Оддржување: 11.04.2025
Психо-социјални работилници – Поддршка за личен раст и ментално здравје

Во текот на изминатиот период, успешно реализиравме серија психо-социјални работилници насочени кон лична едукација, емоционален развој и зајакнување на психичката благосостојба на учесниците. Работилниците беа динамични, интерактивни и адаптирани на потребите на младите, со цел да се отворат важни теми кои често остануваат занемарени.
Во продолжение ги наведуваме сите реализирани работилници и датумите на нивното одржување:
- Менаџирање на стрес при работа – 10.05.2024
- Работилница за менаџирање на врски: емоции, потреби и граници – 18.05.2024
- Менаџирање на стрес при работа – 18.06.2024
- Мотивација, поставување на цели и справување со предизвици – 20.06.2024
- Потчинетост кон авторитет – 30.07.2024
- Мотивација, самодоверба, благодарност, емоции, врски, граници, цели, справување со неизвесност, анксиозност, стрес, негативни мисли и емоции – 12.08.2024
- Психичка благосостојба – 22.10.2024
- Менаџирање на стрес при работа – 20.12.2024
- Емоции и мотивација (дел 1) – 24.12.2024
- Емоции и мотивација (дел 2) – 26.12.2024
- Рефлексија на само-мотивација за време на учеството во проектот, внатрешни предизвици и следни чекори – 30.01.2025
- Само-мотивација за поставување и постигнување на цели – 17.02.2025
- Менаџирање на стрес при работа – 04.03.2025
- Емоции и мотивација – 25.03.2025
- Рефлексија на постигнатото во проектот и идни препреки – 11.04.2025
Овие работилници претставуваат простор за градење на свесност, вештини и стратегии за справување со секојдневни животни предизвици. Со нив се стремиме да изградиме поддржувачка заедница, каде што младите можат отворено да зборуваат, да се мотивираат и да го јакнат своето психо-социјално здравје.
Благодарност до сите учесници кои придонесоа со својата енергија, отвореност и желба за напредок. Продолжуваме и понатаму со истата посветеност!




