Сектор за Млади

Краен Рок за Пријавување: 15.05.2025

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА МОДЕРАТОР ЗА ПОТКАСТОТ VISION OF VOICES

Центарот за истражување и анализи НОВУС објавува јавен повик за ангажирање на модератор за потребите на подкастот Vision of Voices, кој ќе води епизоди посветени на младински погледи за поодржлив и зелен свет, во рамки на проектот.

ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ НА МОДЕРАТОР/КА:

  • Водење на 4 подкаст епизоди во рок од 2 месеци.
  • Темелно истражување на позадината на гостите на подкастот и подготовка на соодветни прашања.
  • Креирање на програма за работа која ќе содржи информации за темите на епизодите и гостите, во координација со проектниот координатор.
  • Поднесување краток извештај после секоја епизода за работата и координацијата на модераторите.

КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ:

  • Млади лица од 15-29 години.
  • Одлични комуникациски вештини на македонски и/или англиски јазик.
  • Претходно искуство во истражување на говорници и креирање на прашања од младински интерес.
  • Ентузијазам за тимска работа.

ФИНАНСИСКИ НАДОМЕСТ:

Избраните кандидати ќе добијат месечен надомест по завршување на месечните обврски.

ПРИЈАВУВАЊЕ:

Заинтересираните кандидати треба да испратат своето CV и мотивациско писмо најдоцна до 15.05.2025 на е-маил адресата: d.kirova@associationnovus.org и во cc contact@associationnovus.org со назнака „Поднесување на апликација за модератор/ка за подкастот Vision of Voices”.

За повеќе информации, контактирајте не на: contact@associationnovus.org.

Аплицирај
en_US