Сектор за Развој на Заедницата

Ден на Оддржување: 12.03.2024

Комунити Караван – Создаваме инфраструктура за здружени и дарежливи заедници

Целта на активноста беше да се промовира првата мобилна апликација Комунити, наменета за унапредување на комуникацијата и учеството на граѓаните во локалното одлучување. Апликацијата овозможува добивање информации од општината, како и директна комуникација со локалната власт за прашања и проблеми од интерес на граѓаните.

Караванот се одржа на три локации во градот:

  • Плоштад Гоце Делчев
  • Пред Europe House Strumica
  • Пред ГТЦ Глобал

На секоја од локациите беа поставени инфо-пултови, каде што граѓаните имаа можност да се запознаат со функционалностите на апликацијата, да добијат техничка поддршка при инсталација, како и да разговараат со претставници на партнерските организации за значењето на граѓанското учество.

en_US