Сектор за Развој на Заедницата
Ден на Оддржување: 14.05.2024
Прв информативен состанок за формирање на Лидерска група во Струмица – Создаваме инфраструктура за здружени и дарежливи заедници

Центарот за истражување и анализи НОВУС, како Локално акциско јадро во рамки на проектот „Здружи се за заедницата“, го организираше првиот информативен состанок за формирање на Лидерска група во Струмица.
На состанокот присуствуваа партнери од организацијата Конект, кои ќе обезбедат менторска и програмска поддршка за зајакнување на капацитетите на Локалното акциско јадро, како и на новоформираната Лидерска група. Целта на оваа соработка е пренос на знаења и обединување на заложбите за доброто на заедницата.
Лидерската група имаше за цел да ги обедини претставници од различни сектори – граѓански, деловен и социјален – кои заедно ќе работат на подобрување на условите во заедницата. Таа ќе поттикнува активно граѓанско учество, транспарентност и ефикасно управување со донации за општо добро. На состанокот беше нагласена визијата за инклузивна и иновативна заедница, како и потребата од заедничко и креативно решавање на локалните предизвици.


