Сектор за Развој на Заедницата
Ден на Оддржување: 26.10.2024
Трет Комунити Караван во Струмица -Создаваме инфраструктура за здружени и дарежливи заедници
Третиот Комунити Караван, организиран во рамки на проектот „Здружи се за заедницата“, успешно се реализираше во Струмица и ја продолжи својата мисија за зајакнување на комуникацијата меѓу граѓаните и општината преку промоција на мобилната апликација „Комунити“.
Активноста се одржа во три средни училишта, каде што присуствуваа вкупно 80 ученици. Преку интерактивна презентација, учениците беа запознаени со можностите што ги нуди апликацијата за информирање, вклучување и комуникација со локалната самоуправа.
Резултатите од настанот покажуваат јасен интерес кај младите – 30 ученици ја симнаа апликацијата, што претставува позитивен чекор кон градење ангажирана и информирана заедница. Изразуваме благодарност до сите ученици за нивното активно учество и ентузијазам, со надеж дека ваквите иницијативи ќе придонесат за поголема граѓанска вклученост и одговорност на локално ниво.
