Сектор за Развој на Заедницата

Краен Рок за Пријавување: 22.10.2024

Јавен повик за учесници на креативни работилници за изработка на свеќи

Работилницата ќе биде предводена од Марија Велкова, која веќе 3 години го води својот мал бизнис _ariacandles. На ваше и наше задоволство ќе ве води низ цел процес за изработка на декоративни органски свеќи и ќе научите најразлични техники и трикови за како сами да создавате свои рачно изработени ремек дела.

Дата: 26.10 и 02.11

Место: ЦИА НОВУС

Време: 17:00 – 19:00

Како да аплицирате?

Пополнете ја апликациската форма: https://forms.gle/KhZe4exMbnRYFb7v9 и одберете една или повеќе работилници на кои би сакале да учествувате. Учеството е ограничено, па побрзајте да се пријавите!

Овој повик е дел од активноста „Girls-led youth community actions“ кој го имплементира Центар за истражување и анализи НОВУС, а е во рамки на проектот „Еднакви можности за девојчиња и млади жени во Северна Mакедонија“, спроведен од Национален младински совет на Македонија – НМСМ / NYCM / KRNM и Stella Network со финансиска поддршка од Британската амбасада во Скопје British Embassy Skopje.

Аплицирај
en_US