Сектор за Развој на Заедницата

Ден на Оддржување: 04.11.2024

Одржана втората креативна работилница за изработка на свеќи

Во рамки на проектот „Женска креативна моќ“, Центарот за истражување и анализи НОВУС ја реализираше уште една инспиративна и креативна работилница – овој пат посветена на изработка на органски декоративни свеќи.

Креативна атмосфера со @ariacandles

Под стручно менторство на Марија Велкова, основач на брендот @_ariacandles, учесниците имаа можност:

  • Да се запознаат со процесот на изработка на органски свеќи
  • Да совладаат техники за обликување, боење и ароматизација
  • Да изработат сопствени уникатни декоративни свеќи

Создадените изработки ќе бидат изложени на празничниот базар во декември, каде ќе бидат претставени резултатите од сите креативни работилници во рамки на проектот.

Доколку сè уште не сте се пријавиле за останатите работилници – не ја пропуштајте можноста! Бројот на учесници е ограничен.

Работилница за плетење: 11–12 ноември
Работилница за изработка на природни сапуни: 20–21 ноември
Работилница за бизнис вештини и претприемништво: 14–15 ноември

Пријавување е достапно преку линкот во биографијата.

en_US