Сектор за Млади

Ден на Оддржување: 07.10.2024

Академија за меки вештини во рамките на проектот – Skills Uprise: Connecting Youth to Opportunities

Спроведени обуки за Меки Вештини во рамки на иницијативата „Skills Uprise: Connecting Youth to Opportunities!“

Со големо задоволство, објавуваме успешен завршеток на четиридневната Академија за Меки Вештини, организирана во рамки на иницијативата „Skills Uprise: Connecting Youth to Opportunities!“, поддржана од USAID North Macedonia.

Првиот ден: Поставување SMART цели и SWOT анализа
Академијата започна со фокус на SMART цели – учесниците научија како да дефинираат, планираат и остварат свои цели преку конкретни чекори. Користејќи SWOT анализа, учесниците создадоа стратегии за искористување на своите предности и надминување на предизвиците во процесот на остварување на успех.

Вториот ден: Тимска работа и комуникациски вештини
Во вториот ден, учесниците се фокусираа на тимската работа, откривајќи ја својата улога во тимови преку различни тестови и вежби. Оваа новостекната свест ја применија во практична вежба за градење кула од хартија, која ги поттикна да ја комбинираат креативноста и тимската соработка. Во попладневниот дел, темата беше комуникациските вештини. Учесниците ги истражуваа аспекти како асертивноста, важноста на вербалната и невербалната комуникација и ги вежбаа преку креативни сценарија.

Третиот ден: Управување со време и емоционална интелигенција
Третиот ден се фокусираше на управување со време. Учесниците научија како да ги поставуваат приоритетите и да планираат своето време за поголема продуктивност. Во вториот дел, се разгледуваше емоционалната интелигенција и нејзината поврзаност со решавањето конфликти, преку практични вежби и дискусии за подобрување на комуникацијата во процесот на решавање на конфликти.

Четвртиот ден: Преговарачки вештини
Последниот ден беше посветен на преговарачките вештини. Учесниците научија како да водат ефективни преговори и како да ги применат стекнатите вештини во секојдневниот живот. Ова беше круна на академијата, каде се сумираа сите претходно освоени вештини и се даде практичен контекст за нивната примена.

Заклучок
Оваа академија беше исклучителна можност за учесниците да ги развијат своите меки вештини и да ги зајакнат своите способности за лидерство, комуникација, тимска работа, решавање проблеми, и многу други важни аспекти на личниот и професионалниот развој. Проектот продолжува со Академијата за дигитални вештини, која наскоро ќе започне со пријави за сите заинтересирани.

Академијата за Меки Вештини е дел од иницијативата „Skills Uprise: Connecting Youth to Opportunities!“, поддржана од USAID North Macedonia за млади кои активно создаваат можности – Youth Actively Create Opportunities.

en_US