Сектор за Развој на Заедницата
Ден на Оддржување: 15.04.2023
Доделени суб-грантови на граѓански организации – втора фаза на поддршка

Во рамки на втората фаза од програмата за поддршка преку Платформата за инвестиции во заедницата, беа доделени суб-грантови на седум граѓански организации од различни делови на земјата. Грантовите се наменети за реализација на локални иницијативи насочени кон подобрување на социо-економската положба на жените, младите и руралните заедници.
Избраните организации и нивните проектни иницијативи се следните:
- РАДИКА ДЕ, Дебар – Здрава храна – здрав живот: иницијатива за промоција на здрав начин на исхрана и локално производство.
- РЕНЕСАНСА 2019, Тетово – Зајакнување на претприемачките вештини за млади и жени преку локални партнерства: развој на претприемништво преку обуки и вмрежување.
- ПРОАГРО ФАРМЕРИ, Струмица – Жената фармер – водач и пример за младите: поддршка на жените во земјоделството и промоција на нивната лидерска улога.
- ААГ – Здружение за афирмација на жената, Скопје – Зајакнување на руралните жени преку обука за шиење: развој на практични вештини и економско зајакнување.
- МОЈА КАРИЕРА, Скопје – TechSkills for Tomorrow: Младинска иницијатива за обука: дигитална едукација и подобрување на вештините кај младите.
- Мрежа на жените во науката – РРГШ, Скопје – Младите и миграцијата!: истражувачка и едукативна иницијатива за справување со предизвиците од иселувањето.
- Демократија Лаб, Тетово – Создавање и градење над уништување: заедно да го запреме вандализмот: граѓанска едукација и акција за заштита на јавниот простор.
Овие грантови овозможуваат обезбедување на ресурси за ефикасна имплементација на предвидените активности, со што се создаваат конкретни резултати и траен придонес за развојот на локалните заедници. Поддршката е дел од поширокиот напор за поттикнување на одржливи, инклузивни и иновативни решенија преку меѓусекторска соработка и активно учество на граѓанскиот сектор.

