Сектор за Развој на Заедницата

Ден на Оддржување: 20.08.2024

Едномесечна менторска програма за млади новинари од Струмичкиот регион

Успешно завршена менторска програма за млади новинари од Струмичкиот регион

Центарот за истражување и анализи НОВУС успешно реализираше едномесечна менторска програма наменета за 20 млади новинари од Струмичкиот микро регион. Целта на програмата беше да се зајакнат нивните новинарски вештини и да се продлабочи разбирањето за процесот на европски интеграции, со акцент на локалниот контекст.

Преку континуирана поддршка и менторство од искусни новинари, учесниците работеа на креирање на новинарски содржини посветени на актуелни и значајни теми поврзани со ЕУ интеграцијата. Нивната работа вклучуваше анализа на локалните предизвици и перспективи, со цел да се понуди автентичен поглед врз улогата на ЕУ во секојдневието на граѓаните.

Во рамки на програмата беа одржани повеќе менторски сесии, на кои младите новинари:

  • стекнаа практични знаења во областа на истражувачко новинарство, етика и професионално известување;
  • изработија сопствени новинарски текстови и прилози, кои ги обработуваат европските прашања низ локална призма;
  • го унапредија своето разбирање за европските процеси и важноста од информирање на јавноста за теми од заеднички интерес.

Програмата придонесе за:

  • поттикнување на интересот кај младите да се вклучат во новинарството како општествено одговорна професија;
  • зголемување на квалитетот и релевантноста на локалното известување поврзано со ЕУ теми;
  • јакнење на младинските гласови како двигатели на промените во општеството.

Со оваа иницијатива се создаде стабилна основа за развој на нова генерација на млади новинари, кои ја разбираат важноста од етичко, објективно и одговорно информирање и активно придонесуваат кон изградба на поинформирано и плуралистичко граѓанско општество.

en_US