Сектор за Млади

Ден на Оддржување: 20.06.2024

Завршени обуки за животни вештини и вработливост со Група 1 во рамките на проектот YEEP 2

Дата почеток/крај.- 10.06.24- 20.06.24

Присутни беа: 6 женски, 4 машки

Почеток: Започнавме со првите обуки во рамки на проектот “Зајакнување на младите преку нови можност 2” како регионални партнери на СОС Детско Село

Младите учесници вклучени во програмата, во наредните 2 недели ќе се стекнат со животни вештини потребни за личен развој, мотивација и поставување на цели, како и со вештини за вработливост каде ќе научат како да изработат професионална биографија и како да го менаџират сресот на работно место

Доколу сте заинтересирани може да се пријавите на следниот линк: https://forms.office.com/e/qigQueFwLz

Поединците кои ќе се вклучат во програмата ќе се стекнат со сертификати за завршени обуки и ќе имат пружена поддршка за вработување и самовработување.

https://www.instagram.com/p/C8Ha6PVsAvm/?hl=en&img_index=1

Дата на одржување на настанот: 10.06.2024

Крај:  Со голема гордост и задоволство ви ги претставуваме моментите од нашата прва група која успешно ги заврши обуките за Животни Вештини и Вработливост.

Овие обуки се дел од проектот “Зајакнување на младите преку нови можности II”, кој го спроведува Центар за истражување и анализи НОВУС како регионален партнер на СОС Детско село @sosdetskoselo , и се наменети да ги стекнат учесниците со важни вештини за личен и професионален развој, кои ќе им помогнат да бидат поуспешни и поконкурентни на пазарот на трудот.

Нашите учесници поминаа низ интензивен и динамичен процес на учење, каде што стекнаа нови знаења и искуства, развија клучни компетенции и ја зголемија својата самодоверба.

Им посакуваме многу среќа и успеси понатаму и сме сигурни дека со овие нови вештини и знаења ќе успеат да ги постигнат своите професионални и лични цели. Се радуваме на нивните идни успеси и горди сме на нивниот труд и постигнувања!

https://www.instagram.com/p/C8pH-cyMd9Z/?hl=en&img_index=1

en_US