Сектор за Развој на Заедницата

Ден на Оддржување: 20.11.2023

Завршен трет модул од Академијата за деловни компетенции – Деловни стратегии и човечки ресурси

Во рамки на Академијата за деловни компетенции, успешно се реализира третиот и завршен модул на тема „Деловни стратегии и човечки ресурси“. Модулот беше фокусиран на развој на напредни менаџерски вештини кај жените претприемачки, со практична примена на алатки и техники за ефективно водење на бизнис.

Под менторство на Јован Сталевски, учесничките работеа на развој на компетенции во следниве области:

  • Разбирање на ефектите од нефункционално менаџирање на трошоци врз тимската динамика и перформансите;
  • Анализа и изработка на основни финансиски извештаи;
  • Делегирање на задачи, планирање и организација на работни процеси;
  • Развивање на стратегии за натпреварување или соработка на пазарот;
  • Подобрување на вештини за деловно преговарање.

Овој трет модул, заедно со претходните два модули реализирани во Струмица и Штип, претставува целосна едукативна програма која обезбедува силна практична основа за жените кои имаат интерес да започнат или унапредат сопствен бизнис. Академијата успешно ги адресираше потребите за деловна едукација преку практичен пристап и конкретни содржини, прилагодени на локалниот контекст и потребите на учесничките.

en_US