Сектор за Млади
Ден на Оддржување: 22.01.2024
Започна практикантската програма во рамки на иницијативата „Skills Uprise: Connecting Youth to Opportunities!“

Во рамки на иницијативата „Skills Uprise: Connecting Youth to Opportunities!“, поддржана од USAID North Macedonia преку програмата Youth Actively Create Opportunities, осум млади лица од Струмица започнаа со практикантство во осум различни компании и организации од локалната заедница.
Оваа активност има за цел да им овозможи на младите да стекнат практични вештини, работно искуство и подобро разбирање на професионалната средина, преку директно вклучување во работата на компаниите. Веќе од првите денови, практикантите покажуваат посветеност и ангажман, активно вклучувајќи се во тековните проекти и активности на своите организации.
Програмата претставува продолжение на соработката воспоставена со локалните бизниси, вклучително и претходно потпишаниот меморандум за соработка со Eli-Medika Strumica и Gjorgi Janev, со што се отвораат нови можности за младите од заедницата.
Практикантската програма е дизајнирана да им овозможи на учесниците реален увид во работниот процес, поддршка од ментори и можност за личен и професионален развој. За компаниите, ова е можност да идентификуваат и поттикнат млади таленти, со што се зајакнува локалниот човечки капитал.
Следете нè за повеќе информации и успешни приказни од практикантите кои се дел од оваа значајна иницијатива за млади.


