Сектор за Развој на Заедницата

Ден на Оддржување: 27.09.2024

Изработка и промоција на буклет со стории од млади новинари

Центарот за истражување и анализи НОВУС, во соработка со искусни новинарски професионалци од југоисточниот регион, успешно реализираше активност за креирање и промоција на буклет со инспиративни стории од 20 млади новинари, со фокус на локалните перспективи поврзани со процесот на европска интеграција.

Во рамки на едномесечна менторска програма, младите учесници, под раководство на петмина истакнати ментори – новинари и медиумски работници со долгогодишно искуство – работеа на истражување, анализирање и креирање автентични новинарски содржини. Темите што ги обработија вклучуваа:

  • актуелни општествени прашања од значење за локалните заедници;
  • секојдневни предизвици и иницијативи од теренот;
  • младински визии и ставови за значењето на ЕУ интеграцијата на локално ниво.

Резултатот од оваа активност е изработката на буклет со 20 новинарски стории, кои ја рефлектираат посветеноста, креативноста и професионалниот развој на младите учесници. Преку нивните текстови, јасно се доловува улогата на младите гласови во поттикнување на јавниот дискурс, градење медиумска писменост и унапредување на демократските вредности.

Оваа иницијатива значително придонесе за:

  • афирмирање на младинското новинарство како двигател на позитивни промени во општеството;
  • промовирање на критичко размислување и општествена одговорност кај младите новинари;
  • подигнување на јавната свест за важноста од вклучување на локалните гласови во процесот на европска интеграција.

Буклетот беше промовиран во локалните медиуми и е достапен и во електронска форма, со цел поширока дистрибуција и долгорочно користење како едукативен ресурс.

en_US