Сектор за Млади

Ден на Оддржување: 20.02.2025

Истражување за финансиска писменост кај млади лица (18–29 години) во Југоисточниот регион

Во периодот ноември–декември 2024 година беше спроведено истражување со цел да се оцени нивото на финансиска писменост кај млади лица на возраст од 18 до 29 години во Југоисточниот плански регион. Истражувањето се фокусираше на проценка на знаењата и вештините поврзани со управување со лични финансии, разбирање на јавните финансии и запознаеност со надлежните институции што управуваат со јавни средства.

Клучниот наод од истражувањето покажа дека околу 30% од младите не водат евиденција за своите месечни трошоци, што укажува на изразена потреба од практична едукација и градење капацитети за рационално управување со личните финансии.

Добиените резултати претставуваат основа за дизајнирање на прилагодени едукативни модули и обуки, кои ќе бидат применувани во рамки на следните фази од проектот, со цел подобрување на финансиската писменост и економска самостојност на младата популација.

en_US