Сектор за Развој на Заедницата
Ден на Оддржување: 16.01.2025
Медиумска кампања за значењето на социјалното претприемништво

Денес беше успешно спроведена и објавена таргетирана медиумска кампања на социјалните мрежи (Facebook, Instagram и други релевантни платформи), со цел подигнување на свеста за значењето на социјалното претприемништво и активно младинско учество во локалните заедници.
Кампањата достигна публика од над 120.000 корисници, преку споделување на:
- Едукативни визуали и кратки инфографици
- Видеа со позитивни приказни од млади вклучени во социјални иницијативи
- Информативни содржини за концептот на социјално претприемништво
- Објави посветени на развојот на клучните вештини потребни за успешни социјални претприемачи, како што се:
- Емпатија
- Решавање на проблеми
- Креативност
- Отпорност
- Комуникативност
- Вклучување на публиката преку прашалници, анкети и интерактивни содржини
Целта на кампањата беше да се информира и мотивира младата популација за нивната улога во градењето инклузивни и одржливи заедници, преку иновативни пристапи како социјалното претприемништво.
Кампањата придонесе за зголемување на видливоста на темата, подигнување на јавната перцепција и иницирање дијалог на дигиталните платформи.

