Сектор за Развој на Заедницата

Ден на Оддржување: 23.12.2024

Новогодишна изложба Струмица

Центарот за истражување и анализи НОВУС, во рамки на проектот „Женска креативна моќ“, организираше новогодишна изложба во Струмица која го одбележа почетокот на празничната сезона со креативност, инспирација и заедничка енергија.

Настанот се одржа во празнична атмосфера, привлекувајќи над 200 посетители од целата држава. Преку изложбата, повеќе од 25 изложувачи имаа можност да ја претстават својата креативна работа – од уникатни рачни изработки до автентични уметнички предмети кои ја одразуваат нивната лична приказна и уметнички идентитет.

Посебно значајно беше присуството на гости од над 10 различни градови низ Македонија, што ја претвори изложбата во настан од пошироко регионално значење.

Овој настан претставува дел од нашите континуирани напори за афирмација на женската креативност, зајакнување на локалната заедница и создавање простор за културна размена и економска поддршка на жените.

Изразуваме благодарност до сите изложувачи, посетители и поддржувачи кои беа дел од оваа празнична приказна. Вашата поддршка е поттик за продолжување со нашата мисија.


Среќен Чорап

Vedra Edukacija

Ekovita Ngo

Sweet Crochet 365

The Crochet Dream

MAMA love crochet

Слатки Моменти

ЦПЛИП – Порака Струмица

Џуџињата на дедо мраз

BUSY BEE Handmade gifts

VK Aktiv

Органски Пчелни Производи

en_US