Сектор за Развој на Заедницата

Ден на Оддржување: 31.05.2024

Одржана Завршна Бизнис Конференција – EUConnect

Во рамки на проектот EUConnect, се одржа Завршна Бизнис Конференција на која беа презентирани клучните резултати и достигнувања. Настанот вклучи и официјално претставување на публикацијата за деловното опкружување и конкурентната бизнис клима, која ги содржи главните заклучоци и препораки произлезени од активностите во текот на проектот.

Еден од најзначајните моменти на конференцијата беше промоцијата на новоразвиената онлајн платформа bconnect.mk, чија цел е поврзување на бизнисите од Македонија, Грција и Бугарија. Платформата претставува алатка за поттикнување на економска соработка, регионално вмрежување и унапредување на деловните можности меѓу компаниите од трите земји.

Конференцијата ја заокружи реализацијата на проектот со осврт на ефектите врз засегнатите страни и најави идни чекори за продлабочување на прекуграничната деловна соработка.

en_US