Сектор за Развој на Заедницата

Ден на Оддржување: 23.09.2022

Одржана обука за дигитални медиуми

Се одржа обука на тема „Вештини за дигитални медиуми“, наменета за унапредување на дигиталните капацитети на локалните чинители. Обуката беше спроведена од страна на експертот Предраг Николовски, кој на учесниците им ги презентираше клучните дигитални алатки, трендовите во онлајн-комуникацијата и карактеристиките на најпопуларните социјални платформи.

Преку практични примери и интерактивен пристап, обуката овозможи учесниците да стекнат нови знаења и вештини за поефективно користење на дигитални медиуми во рамки на нивната секојдневна работа, промоција и комуникација со јавноста. Настанот придонесе за зајакнување на дигиталната писменост и поддршка на процесите на дигитална трансформација кај граѓанските организации и други локални актери.

en_US