Сектор за Развој на Заедницата

Ден на Оддржување: 28.10.2024

Одржана првата од двете креативни работилници за изработка на свеќи

На сабота, 26 октомври, во просториите на Центарот за истражување и анализи НОВУС, успешно се одржа првата од двете креативни работилници посветени на изработка на органски декоративни свеќи. Работилницата беше водена од талентираната Марија Велкова, основач на малиот бизнис Aria Candles, која со ентузијазам и експертиза ги воведе учесниците во светот на креативното свеќарство.

Учесниците имаа можност:

  • Да се запознаат со различни техники за изработка на органски свеќи
  • Да работат со природни материјали и есенцијални масла
  • Да создадат свои уникатни, декоративни свеќи, кои ќе бидат дел од празничната изложба во декември

Работилницата понуди инспиративна и топла атмосфера, полна со креативност, соработка и споделување идеи.

Ве покануваме на втората сесија, која ќе се одржи во сабота, 2 ноември, со почеток во 17:00 часот, повторно во просториите на ЦИА НОВУС. Очекуваме уште повеќе креативни моменти и нови уникатни креации!

en_US