Сектор за Развој на Заедницата

Ден на Оддржување: 10.12.2021

Одржана тркалезна маса за поттикнување на меѓусекторска соработка

Во Струмица се одржа тркалезна маса која собра претставници од граѓанскиот, бизнис и јавниот сектор од Југоисточниот плански регион. Настанот беше посветен на поттикнување на меѓусекторската соработка, при што се дискутираа индикаторите за проценка на социјални инвестиции, се разменуваа искуства и беа презентирани успешни примери од три општествено одговорни компании.

Учесниците ги идентификуваа клучните предизвици за меѓусебна соработка, како и приоритетите за идни заеднички иницијативи – со акцент на поддршката на младите и унапредувањето на локалната инфраструктура. Настанот придонесе за зајакнување на комуникацијата помеѓу секторите и постави темели за нови партнерства на локално ниво.

en_US