Сектор за Млади
Ден на Оддржување: 01.11.2024
Одржан интензивен тренинг за лобирање и застапување на младински политики во Струмица и Босилово

Млади од општините Струмица и Босилово имаа можност да учествуваат во интензивна обука фокусирана на лобирање и застапување на младински политики. Обуката се реализираше под менторство на квалификуван тренер, при што учесниците се запознаа со методологии за идентификување на предизвици во заедницата и развивање на иновативни решенија за иницирање на позитивни општествени промени.
Во наредниот период, младите ќе работат на развој и имплементација на сопствени иницијативи, за кои ќе им биде обезбедена финансиска поддршка. Проектите ќе бидат насочени кон адресирање на локални проблеми преку активно младинско учество и застапување пред релевантни институции.
Активноста е дел од проектот „Практикувај демократија“, кој се спроведува со поддршка од Фондацијата за демократија на Вестминстер и Британската амбасада во Скопје.




