Сектор за Млади
Ден на Оддржување: 16.06.2024
Организирана филмска вечер со проекција на филмот „White Chicks“ во Младинскиот центар Струмица

Денес во просториите на Младинскиот центар Струмица се реализираше филмска вечер со проекција на филмот „White Chicks“. Настанот беше наменет за млади, со цел поттикнување на културно-социјално вмрежување, неформално дружење и зајакнување на чувството на заедништво преку заедничко уживање во филмската уметност.
Филмската вечер започна во 17:30 часот и привлече значителен број учесници. По завршувањето на проекцијата, се одржа кратка неформална дискусија, во која младите разменија впечатоци и предлози за избор на филмови за идни вакви активности.
Настанот беше отворен и бесплатен за сите заинтересирани, при што учеството се потврдуваше преку претходна регистрација со онлајн-форма. Активноста претставува дел од континуираните напори на Младинскиот центар за понуда на содржини што ги поддржуваат социјалната интеграција и културниот развој на младите.




