Сектор за Развој на Заедницата

Ден на Оддржување: 18.12.2021

Остварена средба со Градоначалникот на Општина Струмица

Се одржа работна средба со градоначалникот на Општина Струмица, г. Костадин Костадинов, на која учествуваа претставници од Центарот за истражување и анализи НОВУС и Фондацијата „Албиз“. За време на средбата беа презентирани планираните активности и начинот на функционирање на Платформата за инвестиции во заедницата.

Во рамки на разговорите беше постигнат договор за соработка кој вклучува поддршка на проектните активности, дистрибуција на промотивен материјал, организирање на заеднички средби со граѓанскиот, бизнис и јавниот сектор, како и одржување на дигиталната платформа. Двете страни изразија согласност соработката да се формализира преку потпишување на Меморандум за разбирање.

en_US