Сектор за Развој на Заедницата
Ден на Оддржување: 30.11.2024
Прв Донаторски кружок во Струмица

На 29 ноември 2024 година, во Струмица се одржа првиот Донаторски кружок, во организација на Центарот за истражување и анализи НОВУС, како локален партнер на Конект, во рамки на проектот на USAID North Macedonia „Здружи се за заедницата“. Оваа иновативна форма на собирање средства претставуваше уникатна можност за локалните организации да ги претстават своите иницијативи и да добијат финансиска поддршка од претставници на бизнис секторот, институции и индивидуални донатори.
На настанот беа претставени три иницијативи од страна на организациите Zlti Mobilnost Strumica, ВК Актив – BC Active и Govorot na Srceto, кои беа избрани како приоритетни за поддршка на локално ниво. Во текот на вечерта беа собрани вкупно 135.400 денари, наменети за реализација на наведените иницијативи кои ќе придонесат за подобрување на животот во заедницата.
Настанот се одржа во просториите на Vila Park Hotel, обезбедени како донација, додека винаријата Далвина несебично донираше над 200 шишиња вино кои го збогатија настанот. Посебна благодарност беше упатена и до поддржувачите од деловниот сектор, меѓу кои:
- Univerzal Gradba
- МГ Астерикс
- ДПТУ Ди-Митеви Дизајн ДООЕЛ
- Н.П. ТРАНС ДООЕЛ
- З-М ДООЕЛ
- ПАНКИ ТРЕЈД ПК ДООЕЛ
- Ремаркет ДООЕЛ
- Мулти Систем Про ДООЕЛ
- Оптика LM
Дополнително, бројни индивидуалци, директори на институции и претставници од општините дадоа свој личен придонес.
Модерацијата на настанот ја водеше Танкица Стојанова, а целокупниот фото-материјал беше документиран од Дени Стефановски.
Целта за финално собирање средства изнесува 180.000 денари, и процесот на донирање останува отворен. Сите донации се евидентираат и секој донатор ќе добие транспарентен извештај за искористувањето на средствата.
Настанот претставуваше силна демонстрација на локална солидарност, соработка и филантропија, и претставува прв чекор во воспоставување на традиција на донаторски кружоци во регионот.
Финансиски донации (во готово):
- Од 12 локални компании: 47.500 денари
- Од 58 индивидуалци: 96.300 денари
- Пред настанот: 35.600 денари
- На самиот настан: 93.200 денари
- По настанот: 15.000 денари
Вкупно финансиски донации: 143.800 денари
Донации во натура (in-kind donations):
- Од локални компании: 50.750 денари
- Од индивидуалци: 11.720 денари
Вкупно донации во натура: 62.470 денари
Вкупна вредност на собрани средства (готово + in-kind):
206.270 денари



















