Сектор за Развој на Заедницата

Ден на Оддржување: 17.08.2024

Прибирање на ресурси од локални извори: Можности за граѓански организации и активни граѓани

На 15 и 16 август 2024 година, во Хотел “Вила Парк“ Струмица, ЦИА НОВУС организираше дводневната работилница на тема „Прибирање на ресурси од локални извори: Можности за граѓански организации и активни граѓани“.

Настанот e дел од проектот „Здружи се за заедницата“, поддржан од УСАИД USAID North Macedonia и привлече голем број учесници од различни граѓански организации и активни граѓани.

Учесниците имаа можност да научат за важноста на диверзификација на ресурсите, улогата на граѓанските организации во мобилизирање на локални ресурси, како и стратегии за успешно прибирање средства. Особено внимание беше посветено на практични пристапи, алатки за прибирање средства и формирање профил на посакуваните донатори.

Во текот на менторските сесии, учесниците работеа на изработка на конкретни планови за прибирање средства, кои ќе можат да ги аплицираат на донаторскиот кружок организиран од НОВУС и на јавни повици за регрантирање на грас рут организации.

Работилницата претставуваше значаен чекор кон зајакнување на капацитетите на граѓанските организации и мобилизирање на локалните ресурси за развој на заедницата

en_US