Сектор за Млади
Ден на Оддржување: 19.11.2024
Спроведени Обуки за Дигитални Вештини – Академија за Млади

Во рамките на иницијативата „Skills Uprise: Connecting Youth to Opportunities!“, поддржана од USAID North Macedonia, успешно заврши првиот циклус на обуките за дигитални вештини. Овие обуки беа дел од 6-дневната Академија за Дигитални Вештини, која се одржа со партнерство со SMX Academy и имаа за цел да обезбедат практично знаење и вештини кои ќе им помогнат на младите да се вклучат во брзо растечките дигитални индустрии.
Што научивме?
На првиот ден на Академијата, учесниците имаа можност да се запознаат со основите на маркетингот на социјалните мрежи. Научија како да пишуваат привлечни текстови за реклами и да креираат професионални профили, користејќи алатките на Мета. Важен дел од обуката беше истражувањето на funnel и AIDA моделите за креирање ефективни маркетинг кампањи.
На вториот ден, фокусот беше на креативниот дизајн со Canva, каде учесниците создадоа реални реклами и научија како да ги усогласат со идеалната публика преку социјалните мрежи. Исто така, беа разгледани стратегиите за креирање контент планови кои помагаат во одржувањето на доследност и креативност во објавите.
Третиот ден беше посветен на WordPress, каде учесниците научија како да изградат веб-страници од нула. Овој ден го заокружи основното познавање на платформи за изградба на веб-страници, кои се клучни за професионално присуство на интернет.
Четвртиот ден беше посветен на HTML и основите на програмирањето. Учесниците активно работеле на креирање веб-страници и започнале да ја разбирaат структурата на кодот и неговата примена во дигиталниот свет.
Последниот ден на Академијата донесе успешен завршеток, при што учесниците се стекнаа со напредни вештини во HTML & CSS и научија како да изградат целосно функционални веб-страници. Дополнително, беше разгледан дигиталниот маркетинг, кој вклучува стратегиите за ефективно користење на Facebook и Instagram за маркетинг цели.
Што понудивме на учесниците?
- Практични обуки во клучни дигитални алатки и платформи.
- Развој на вештини за изградба на веб-страници и дигитални кампањи.
- Вовед во основите на програмирањето и креативниот дизајн.
- Пристап до реални проекти за практична примена на стекнатите вештини.
- Можност за запознавање нови луѓе и ширење на мрежата на контакти.
Иницијативата „Skills Uprise: Connecting Youth to Opportunities!“ продолжува со нови можности, а следната академија, фокусирана на зелени вештини, ќе започне наскоро. Следете нè за повеќе информации и пријави за новите обуки.
За повеќе информации и регистрација за идните програми, посетете ја нашата веб страница.
Aкадемијата е дел од проектот поддржан од USAID North Macedonia и ги поддржува младите кои активно создаваат можности.














