Сектор за Млади
Ден на Оддржување: 26.11.2024
Успешно реализирана Академијата за Зелени Вештини во рамки на иницијативата „Skills Uprise: Connecting Youth to Opportunities!“

Во периодот од 20 до 22 ноември 2024 година, во просториите на Центарот за истражување и анализа НОВУС во Струмица се одржа тридневната Академија за Зелени Вештини, наменета за млади од Струмичкиот регион. Настанот беше организиран како дел од иницијативата „Skills Uprise: Connecting Youth to Opportunities!“, поддржана од USAID North Macedonia преку програмата Youth Actively Create Opportunities.
Академијата започна со интерактивна едукативна сесија, предводена од Арта Ќерими од организацијата Go Green – Биди Зелен, на која учесниците се запознаа со основните концепти на одржливо живеење, ефектот на стаклена градина, значењето на еко-навиките и влијанието на загадениот воздух врз здравјето и животната средина. Дополнително, се дискутираше за глобалните климатски промени и беа разгледани примери на добри еколошки практики.
Во текот на вториот ден, фокусот беше ставен на темата на брзата мода и нејзиното влијание врз екосистемите и ресурсите. Преку интерактивна дискусија и практични примери, учесниците истражуваа алтернативни, одржливи начини на потрошувачко однесување, како што се купување облека од втора рака, размена и реупотреба.
Завршниот ден беше посветен на креирање еко бизнис планови, каде младите учесници, користејќи ги стекнатите знаења, развија иновативни и одржливи идеи за зелени бизниси. Активностите завршија со дискусија за промовирање на зелени навики на работното место и во заедницата, со цел намалување на отпадот и одговорно користење на природните ресурси.
Академијата за Зелени Вештини претставува значаен чекор кон јакнење на капацитетите на младите за активно учество во еколошки иницијативи и промовирање на одржливи практики во секојдневниот живот. Благодарност до сите учесници за нивниот ентузијазам и ангажман, како и до партнерите и менторите кои придонесоа за успешна реализација на оваа едукативна програма.











