Сектор за Развој на Заедницата
Ден на Оддржување: 28.05.2024
Учество на Форумот за филантропија во Скопје – Создаваме инфраструктура за здружени и дарежливи заедници

Центарот за истражување и анализи НОВУС, како локално акциско јадро, беше дел од Форумот за филантропија што се одржа во Скопје, во организација на Конект.
Настанот собра над 150 учесници од различни сектори. Во текот на форумот се дискутираа теми поврзани со филантропија, долгорочно влијание на донациите и улогата на граѓанските организации во создавање одржливи заедници. Присутните имаа можност да се запознаат со новата онлајн платформа за групно донирање „Оп-оп“ (www.opop.mk), која овозможува стратешко и обмислено донирање.
Преку платформата, донациите од граѓаните и компаниите се здружуваат во првиот донаторски фонд во земјава, а средствата се насочуваат кон иницијативи на граѓански организации кои имаат потенцијал за траен и одржлив ефект врз заедницата.
Учеството на форумот беше одлична можност за вмрежување, размена на искуства и запознавање со иновативни алатки за поддршка на локалниот развој.




