Сектор за Млади

Ден на Оддржување: 10.12.2024

Филмска вечер во Босилово: Културата како алатка за заедничко поврзување

Во општина Босилово се реализираше филмска вечер под мотото „Културата на сцена“, со цел промоција на културата како средство за дружење, неформално учење и поттикнување на заедништвото меѓу младите. Настанот се одржа во присуство на над 50 млади лица, кои активно учествуваа во програмата и покажаа интерес за културни содржини во локалниот контекст.

По проекцијата на филмот, се одржа интерактивна дискусија, каде младите учесници ги споделија своите впечатоци, разменија мислења и предложија идеи за организирање на идни културни настани. Дискусијата претставуваше можност за директно вклучување на младите во креирање на културната понуда во општината.

Настанот ја истакна важноста од зачестена реализација на вакви активности во руралните средини, како начин за зближување на младите, развој на критичка мисла и поттикнување на културно-општествена кохезија. Активноста покажа дека културните иницијативи, особено кога се иницирани и водени од млади, имаат потенцијал да придонесат кон градење на активни, инклузивни и отпорни заедници.

en_US