Сектор за Млади

Ден на Оддржување: 14.02.2025

Фокус група на тема „Финансиско знаење и вештини кај младите“

На 18 декември 2024 година беше спроведена фокус група на тема „Финансиско знаење и вештини кај младите“, со учество на 22 млади лица на возраст од 18 до 29 години од општините Струмица, Босилово, Ново Село и Василево. Групата беше составена со претставници избрани по критериуми на рамномерна распределба според пол, социоекономски статус и професионален профил.

Целта на фокус групата беше да се испита нивото на познавање на лични и јавни финансии, изворите на финансиско знаење, спремноста на младите за донесување информирани одлуки, како и нивната перцепција за транспарентноста и присуството на корупција.

Главни наоди од дискусијата:

  • Постои високо ниво на несигурност при управување со личните финансии.
  • Финансиската писменост не е систематски опфатена во рамките на формалното образование.
  • Младите покажаа изразен интерес за учество во едукативни активности и обуки што нудат практични вештини.
  • Корупцијата беше препознаена како распространет и системски проблем, а учесниците изразија чувство на немоќ за директно влијание врз промените во оваа сфера.

Оваа активност овозможи подлабоко разбирање на потребите и ставовите на младите во однос на финансиската писменост и транспарентноста, што ќе придонесе кон подобро насочување на идните активности во рамки на проектот.

en_US