Сектор за Развој на Заедницата
Ден на Оддржување: 22.11.2024
Одржана втората креативна работилница за изработка на природни сапуни

Центарот за истражување и анализи НОВУС, во рамки на проектот „Женска креативна моќ“, ја реализираше и втората креативна работилница за изработка на природни сапуни, во соработка со реномираниот бренд Esoapery.
Под водство на Ефимија, основачка на Esoapery, учесниците имаа можност да стекнат нови знаења и практични вештини за креирање на органски, рачно изработени сапуни, користејќи природни состојки и еколошки методи.
Креативност, учење и инспирација
Во пријатна и поттикнувачка атмосфера, учесниците:
- Научиja основни и напредни техники за изработка на природни сапуни
- Истражуваа различни природни материјали и етерични масла
- Создаваа сопствени производи кои го одразуваат нивниот личен стил и креативност
Оваа работилница беше дел од поширокиот циклус активности во рамки на проектот, со цел да се поттикне женската претприемничка енергија и креативен израз.
Искажуваме искрена благодарност до Ефимија и Esoapery за несебичното споделување на знаења, како и до сите учесници кои со својата енергија и ентузијазам придонесоа овој проект да биде навистина посебен.
Работилницата претставува и завршница на креативниот циклус, кој ќе кулминира со новогодишна изложба на сите изработки на учесниците од проектот. Следете нè за повеќе информации за датумот и локацијата на настанот.






