Сектор за Развој на Заедницата

Ден на Оддржување: 21.02.2024

Oдржана прва обука – Усогласеност со ЕУ бизнисот и можности за соработка во рамки на ЕУ

Се одржа првата обука на тема „Усогласеност со ЕУ бизнисот и можности за соработка во рамки на ЕУ“, насочена кон поддршка на локалните компании и организации во разбирањето на европските стандарди и искористување на достапните можности за соработка.

Предавач на обуката беше Јован Сталевски, кој преку практичен пристап ги запозна присутните со:

  • Клучните регулативи и барања на Европската Унија во делот на трговија, стандарди и деловна етика;
  • Значењето на воспоставување партнерства со европски компании и организации;
  • Достапните финансиски инструменти и грантови кои се на располагање за домашни субјекти, со акцент на начини за аплицирање и ефективна употреба на средствата.

Обуката претставува прв чекор во серија активности насочени кон унапредување на капацитетите на домашните чинители за вклучување во европскиот економски и социјален простор.

en_US