Сектор за Развој на Заедницата

Краен Рок за Пријавување: 30.09.2023

Отворен повик за академија за деловни компетенции за жени претприемачи

Доколку сте жена која веќе има свој сопствен бизнис или сакате да започнете сопствен бизнис, Ви нудиме поддршка, инспирација и практични ресурси за да го остварите Вашиот сон.

Центарот за истражување и анализи НОВУС, во рамки на проектот „EUConnect: Зајакнување на бизнисите за европски успех“, финансиски поддржан од Фондација Отворено Општество, го објавува повикот за учество на Академија за деловни компетенции за жени претприемачи, сопственички на бизниси и менаџерки.

Што нудиме:

  • Циклус на бесплатни предавања од експерт во областа.
  • Развој на вештини и компетенции во областа на бизнис менаџмент, финансии, маркетинг и управување со човечки ресурси.
  • Можност за вмрежување со други жени претприемачи.

План на обуката:

Три модули во рок од два месеци, кои ќе се одвиваат во Струмица, Штип и Велес. Обуките ќе се реализираат во работни денови, секоја со времетраење од два дена.

Дати на одржување на обуките:

  • 28 и 29 октомври во Струмица
  • 11 и 12 ноември во Штип
  • 18 и 19 ноември во Велес

Сите трошоци за сместување, храна и превоз во текот на одржувањето на обуките се целосно покриени. Бројот на учеснички е ограничен.

Тренер на Академијата: Јован Сталевски

Јован Сталевски е докажан проектен менаџер, консултант и обучувач специјализиран во областа на претприемништво, маркетинг, кариерен развој и пристап до фондови. Има повеќе од десет години искуство и поседува бројни менаџмент сертификации, меѓу кои ЦЕФЕ (економии засновани на компетенции и формирање на претпријатија) и ВРС (вештини за подготвеност за работа).

Тој е креатор на повеќе Ерасмус+ проекти и соработува со широка мрежа на бизниси, непрофитни и јавни организации ширум Европа. Заедно со проектниот тим, ќе придонесе кон остварување на визијата овој проект да прерасне во основа на поддржувачки и функционален претприемнички систем во Македонија.

Јован е дипломиран економист по маркетинг менаџмент и неговата следна цел е упис на мастер студии за стратешки проектен менаџмент. Има интернационално искуство како волонтер преку Европскиот Волонтерски Сервис во Франција, каде работел како едукатор и лидер на младински кампови. Зборува течно англиски, француски и бугарски јазик.

Аплицирај
en_US