Сектор за Развој на Заедницата

Краен Рок за Пријавување: 21.09.2023

Отворен повик за експерт-истражувач за истражување на пазарот

Во потрага сме по динамичен и ангажиран експерт – истражувач во рамки на проектот „EUConnect: Зајакнување на бизнисите за европски успех“, финансиски поддржан од Фондација Отворено Општество, за истражување на пазарот и анализа на бизнис климата во Југоисточниот, Источниот и Вардарскиот регион на Република Северна Македонија. Во оваа улога, ќе имате можност да го обликувате деловното опкружување и да придонесете кон отворање на нови можности за бизнис соработка со Европската Унија.

Одговорности и Задачи:

  • Изработка на методологијата за истражувањето на пазарот.
  • Собирање на информации од бизнисите преку анкетирање и фокус групи.
  • Анализа на податоците и генерирање на извештај со резултатите од истражувањето.
  • Подготовка на објавениот документ-репорт за заинтересирани страни.

Квалификации и Вештини:

  • Диплома од релевантна област (на пример, економско науки, менаџмент, маркетинг и слично).
  • Искуство во истражување на пазарот или сродна област ќе биде предност.
  • Одлични аналитички вештини и способност за обработка на податоци.
  • Извонредни комуникациски вештини.
  • Способност за работа во тимска средина.

Сите заинтересирани кандидати треба да испратат свое CV и мотивационно писмо на zdruzenienovus@gmail.com со наслов “Апликација за Истражувач на Пазарот”.

Пријавувањето е отворено до 21.09.2023.

Аплицирај
en_US