Краен Рок за Пријавување: 22.12.2025
ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање на надворешни експерти
Центарот за истражување и анализи НОВУС – Струмица објавува Јавен повик за ангажирање на надворешни експерти за спроведување едукативни активности и обезбедување психолошка поддршка во областа на борбата против говорот на омраза и дискриминацијата.
Овој јавен повик се објавува во рамки на проектот „Борба против омразата и нетолеранцијата“, дел од заедничката програма на ЕУ и Совет на Европа.
Ангажманот е поврзан со спроведување на Обуки за јакнење на капацитетите на граѓанските организации преку обука за препознавање, спречување, пријавување и справување со говор на омраза, како и обезбедување соодветна поддршка на лица таргетирани од говор на омраза и дискриминација.
- ЦЕЛ НА АНГАЖМАНОТ
Целта на ангажманот е обезбедување стручна и професионална поддршка преку:
· спроведување едукативни обуки за говор на омраза, негово препознавање, правна рамка, механизми за мониторинг и пријавување, и
· јакнење на капацитетите на граѓанските организации за обезбедување психолошка, жртво-ориентирана и етички одговорна поддршка на лица изложени на говор на омраза,
со цел воспоставување поефикасен, координиран и одржлив одговор на говорот на омраза на локално и национално ниво.
- ПОЗИЦИИ ОПФАТЕНИ СО ЈАВНИОТ ПОВИК
1. Експерт за едукација во областа на говор на омраза
Работни задачи:
· Подготовка на програма и едукативни материјали за обука;
· Спроведување дводневна обука за претставници на граѓански организации;
· Презентација на правната рамка, националните и европските стандарди за борба против говор на омраза;
· Обука за мониторинг, документирање и пријавување случаи на говор на омраза;
· Поддршка на учесниците во разбирање на улогата на граѓанските организации во превенција и застапување.
- Потребни квалификации:
· Завршено високо образование (право, политички науки, социологија, човекови права или сродна област);
· Најмалку 5 години релевантно професионално искуство;
· Искуство во спроведување обуки и работа со граѓански организации;
· Познавање на антидискриминациски политики и механизми;
· Одлични комуникациски и презентациски вештини.
2. Експерт за обезбедување психолошка поддршка на лица таргетирани од говор на омраза
Работни задачи:
· Подготовка и спроведување модул за психолошка поддршка на жртви на говор на омраза;
· Обука на претставници на граѓански организации за пристап насочен кон жртвата;
· Работа на теми поврзани со траума, секундарна виктимизација и психолошки последици од говор на омраза;
· Давање практични насоки за поддршка, упатување и соработка со институции;
· Почитување на принципите на доверливост и професионална етика.
- Потребни квалификации:
· Завршено високо образование по психологија или сродна област;
· Соодветна лиценца за работа (доколку е применливо);
· Најмалку 5 години искуство во работа со ранливи групи;
· Искуство во психо-едукативни обуки;
· Високо ниво на етичка чувствителност и професионална одговорност.
- ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА АНГАЖМАНОТ
· Времетраење: 2 работни дена (обука), со вклучена подготовка на материјали
· Период на реализација: Јануари.
- НАЧИН НА АНГАЖИРАЊЕ
Ангажманот ќе се реализира преку договор за ангажирање на надворешен експерт, во согласност со интерните процедури на организацијата и правилата на донаторот.
- ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
Заинтересираните кандидати треба да достават:
1. Кратка биографија (CV);
2. Мотивациско писмо;
- РОК И НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Рок за пријавување: 22.12.2025
Електронска адреса: contact@associationnovus.org
Во насловот на пораката да се наведе:„Апликација за експерт – едукација за говор на омраза“ или „Апликација за експерт – психолошка поддршка“
- ИЗБОР НА КАНДИДАТ
Изборот ќе се изврши врз основа на:
· релевантност на искуството,
· усогласеност со целите на проектот,
· почитување на принципите на еднаквост и недискриминација.
