Краен Рок за Пријавување: 16.03.2026
ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање експерт/ка со искуство во модерирање на јавни настани и фасилитација на дијалог во областа на изборни реформи и граѓанско учество
Центар за истражување и анализи НОВУС објавува Јавен повик за ангажирање експерт/ка за подготовка и модерирање на Национален форум за изборни реформи и граѓанско учество, со докажано искуство во областите на демократско управување, изборни процеси, јавни политики и фасилитација на јавни дискусии.
Овој ангажман се реализира во рамки на проектот „Изборен Навигатор за зајакнување на демократијата и изборниот процес во С. Македонија“, кој е субгрант добиен во рамките на проектот „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2“, финансиран од Европската Унија.
🔹 Краток опис на ангажманот
Во рамки на активноста „Национален форум за изборни реформи и граѓанско учество“, ќе се организира настан кој има за цел да обезбеди простор за продлабочена дискусија помеѓу релевантни чинители – институции, граѓански организации, експерти и медиуми – во насока на унапредување на изборните практики.
Форумот ќе опфати теми поврзани со:
• Транспарентноста и отчетноста на институциите во изборниот процес;
• Инклузивноста и учеството на различни општествени групи;
• Улогата на граѓанскиот сектор во мониторингот на изборите;
• Можности за подобрување и модернизација на изборните практики.
🎯 Цел на ангажманот
Да се обезбеди квалитетна фасилитација на дијалогот помеѓу засегнатите страни, како и систематизирање на клучните наоди, заклучоци и препораки кои ќе придонесат кон унапредување на демократските процеси и изборниот систем.
🧩 Опис на работните задачи
Ангажираното лице ќе биде задолжено за:
• Подготовка на концепт и нацрт-агенда за спроведување на Националниот форум;
• Модерирање и фасилитација на дискусиите за време на настанот;
• Поттикнување конструктивен дијалог помеѓу учесниците;
• Сумирање на клучните поенти, наоди и препораки од дискусиите;
• Подготовка на финален извештај од одржаниот форум.
📄 Потребни документи за пријавување
Сите заинтересирани кандидати треба да достават:
• Кратка биографија (CV);
• Мотивациско писмо
Документите се испраќаат на е-пошта: contact@associationnovus.org ,најдоцна до 16.03.2026 (Понеделник), до 23:59 часот.
