Сектор за Развој на Заедницата

Краен Рок за Пријавување: 12.03.2024

Јавен повик за ангажирање на експерт/ка за изработка на методологија и анализа на прашалник

Центарот за истражување и анализи НОВУС објавува јавен повик за ангажирање на експерт/ка  во рамки на проектот „Иницијатива за зајакнување на демократијата: зајакнување на политичкиот ангажман и учество во Р.С.Македонија“, финансиски поддржан од NED (National Endowment for Democracy).

Експертот ќе биде задолжен да ја креира методолигијата и прашалникот кој ќе се користат за проектот и за веб платформата www.izborenkompas.mk, преку прашања/искази базирани на политичките програми за претстојните парламентарни и претседателски избори 2024. Целта на овој прашалник е преку одговорите да ги позиционира корисниците на платформата за идеолошката припадност за изборите кои следат.

Во втората фаза Експертот има за цел да ја надополнува платформата според потребите на проектот и да ја храни со информации од изборите, како и да достави детален извештај по обработка на финалите податоци по региони, според добиените резултати од платфорамата.

Исто така Експертот во текот на неговиот ангажман е задолжен да ја анализира успешноста на кампањата и платформата каде во анализа на податоци заедно со теренските работници ќе ги сподели резултатите од државната изборна комисија и платформата Изборен Компас. За таа цел потребно е да умее да споредува, анализира и да дава препораки за подобрување на плаформата www.izborenkompas.mk помеѓу периодот од првиот и вториот круг на избори.

Кандидатите кои ќе се пријават на овој повик, потребно е да ги исполнуваат следните критериуми:

  • Да се државјани на Република Северна Македонија
  • Завршени додипломски студии во полето на општествени науки или сродни области на предложениот експерт/ка (завршени постдипломски и/или докторски студии ќе се смета за предност)
  • Повеќе од 5 години докажано работно искуство во наведената област и подготовка на јавни политики на национално и локално ниво
  • Претходно искуство во подготовка и спроведување на истражувања и анализи
  • Претходно искуство во делот на пишување извештаи и обработка на податоци
  • Одлични комуникациски вештини и способност за работа во тим
  • Одлично познавање на македонски и англиски јазик
  • Способност за извршување повеќе задачи истовремено и за испорака во кратки рокови
  • Проактивност и висока исполнителност со минимален надзор
  • Докажани способности за планирање и организација, и имплементација на активности од зачеток до финално известување

Условите за работење може да ги видите на следниот документ: Услови-за-работење-TOR-NED.

Заинтересираните кандидати може да се пријават електорнски најдоцна до 12.03.2024 година со испраќање на CV и мотивациско писмо на contact@associationnovus.org, со назнака „Пријава за експерт – Иницијатива за зајакнување на демократијата: зајакнување на политичкиот ангажман и учество во Р.С.Македонија“.

По завршувањето на повикот ќе бидат контактирани само избраните лица. За дополнителни информации можете да се обратите на  contact@associationnovus.org.

Аплицирај
en_US