Сектор за Млади

Краен Рок за Пријавување: 20.02.2026

ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање на кариерен советник

Центар за истражување и анализа НОВУС објавува Јавен повик за ангажирање на кариерен советник, кој ќе спроведува индивидуални сесии со млади лица.

Овој ангажман се реализира во рамки на проектот „Струмица Младинска Иницијатива 2.0“, кој го имплементира Центар за истражување и анализа НОВУС – Струмица.

За проектот

Проектот „Струмица Младинска Иницијатива 2.0“ има за цел да ги поддржи и зајакне младите луѓе преку унапредување на нивните лични и професионални капацитети, развој на вештини и поттикнување на нивно активно учество во општеството.

Посебен фокус е ставен на младите со помалку можности, младите од рурални средини, како и на оние кои се соочуваат со предизвици при пристап до образование и вработување.

Преку проектните активности се обезбедува персонализирана поддршка за младите, со цел да се унапреди нивната самодоверба, да се поттикне нивниот личен развој и да се олесни нивниот пристап до можности за вработување и активно учество во заедницата.

За повикот

Во рамки на проектот се објавува јавен повик за ангажирање на кариерен советник, кој ќе спроведува индивидуални сесии (1-на-1) со млади лица.

Ангажманот ќе се реализира во период од 3-тиот до 6-тиот месец од имплементацијата на проектот и ќе опфати работа со 10 млади учесници.

Избраниот советник ќе работи индивидуално со учесниците, при што бројот и динамиката на сесиите ќе се прилагодуваат според нивните потреби.

Опис на ангажманот

Кариерниот советник ќе биде одговорен за:

  • спроведување индивидуални сесии (1-на-1)
  • поддршка во развој на лични и професионални вештини
  • помош при дефинирање кариерни цели
  • градење самодоверба кај младите
  • насочување кон можности за вработување и личен развој

Потребни квалификации

Кандидатите треба да поседуваат:

  • искуство во работа со млади
  • искуство во кариерно советување, коучинг или менторство
  • одлични комуникациски и советодавни вештини
  • способност за индивидуален пристап кон учесници

Предност ќе имаат кандидати со релевантни обуки и сертификати.

Начин на аплицирање

Заинтересираните кандидати треба да достават:

1. Кратка биографија (CV)
2. Мотивациско писмо (во кое ќе опишат како нивните претходни искуства и квалификации се поврзуваат со задачите и целите на проектот)

Документите треба да се испратат најдоцна до 20.02.2026 (петок) на е-пошта: contact@associationnovus.org

Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани.

Дополнителни информации

Овој проект е кофинансиран од Европската Унија, во рамките на Младинскиот Хаб за мрежата на Западен Балкан и Турција (YouthHub WB&T).

    Аплицирај
    en_US