Сектор за Млади

Краен Рок за Пријавување: 18.08.2026

ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање на лице за графички дизајн

Центарот за истражување и анализа НОВУС објавува Јавен повик за ангажирање на лице за графички дизајн, кое ќе биде ангажирано за визуелна подготовка и графичко обликување на проектни материјали.

Овој ангажман се реализира во рамки на проектот „Струмица Младинска Иницијатива 2.0“, кој го имплементира Центарот за истражување и анализа НОВУС – Струмица.

За проектот

Проектот „Струмица Младинска Иницијатива 2.0“ има за цел да ги поддржи и зајакне младите луѓе преку унапредување на нивните лични и професионални капацитети, развој на вештини и поттикнување на нивно активно учество во општеството.

Посебен фокус е ставен на младите со помалку можности, младите од рурални средини, како и на оние кои се соочуваат со предизвици при пристап до образование и вработување.

Преку проектните активности се обезбедува поддршка за младите, со цел да се унапреди нивната самодоверба, да се поттикне нивниот личен и професионален развој и да се олесни нивниот пристап до можности за вработување и активно учество во заедницата.

За повикот

Во рамки на проектот се објавува јавен повик за ангажирање на лице за графички дизајн, кое ќе биде одговорно за визуелна подготовка и графичко обликување на материјали поврзани со проектните активности.

Ангажманот ќе опфати графичко уредување на истражувачкиот извештај, визуелно претставување на податоците и резултатите од истражувањето, како и подготовка на промотивни и брендирани материјали за потребите на Саемот за вработување на млади и проектните работилници.

Опис на ангажманот

Ангажираното лице за графички дизајн ќе биде одговорно за:

  • графичко уредување и визуелно обликување на истражувачкиот извештај;
  • подготовка на инфографици за јасно и прегледно претставување на податоците и резултатите од истражувањето;
  • графичка подготовка и уредување на постери поврзани со проектните активности;
  • дизајнирање и подготовка на брендирани промотивни материјали за потребите на Саемот за вработување на млади и проектните работилници;
  • примена на визуелниот идентитет на проектот при подготовката на материјалите.
Потребни квалификации

Кандидатите треба да поседуваат:

  • соодветно образование, знаења или професионална подготовка од областа на графичкиот дизајн, визуелните комуникации, мултимедијата или сродни области;
  • искуство во графички дизајн и визуелна подготовка на различни видови материјали;
  • познавање на принципите на графичко обликување, типографија и визуелна комуникација;
  • познавање и практично користење на софтверски алатки за графички дизајн;
  • креативност, прецизност и способност за навремено извршување на работните задачи.

Предност ќе имаат кандидати со претходно искуство во подготовка на публикации, истражувачки извештаи, инфографици и промотивни материјали, како и со познавање на правилата за визуелна видливост на проекти финансирани од Европската Унија.

Начин на аплицирање

Заинтересираните кандидати треба да достават:

  • Кратка биографија (CV);
  • Мотивациско писмо (во кое ќе ги образложат своите интерес, релевантни знаења и претходни искуства поврзани со графичкиот дизајн и задачите предвидени со овој ангажман).

Документите треба да се испратат најдоцна до 18.08.2026 година (вторник) на е-пошта: contact@associationnovus.org.

Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани.

Дополнителни информации

Овој проект е кофинансиран од Европската Унија, во рамките на Младинскиот Хаб за мрежата на Западен Балкан и Турција (YouthHub WB&T).

Аплицирај
en_US