Сектор за Млади

Краен Рок за Пријавување: 27.09.2024

Јавен повик за двајца анкетари за спроведување на теренско и онлајн истражување за проблемите на младите во општина Босилово и Струмица

Центар за истражување и анализи НОВУС отвара јавен повик за двајца анкетари за спроведување на теренско и онлајн истражување за проблемите на младите во општина Босилово и Струмица.

Главни задачи:

  • Спроведување на анкети и интервјуа со млади во двете општини.
  • Прецизно и детално пополнување на анкетираните прашалници.
  • Придржување кон насоките и методологијата дефинирана од страна на експертот.
  • Редовно известување за напредокот на теренските активности.

Документи за аплицирање:

  • Професионална биографија (CV)

Заинтересираните кандидати треба да аплицираат со свое CV на мејл адресата contact@associationnovus.org со назнака „Апликација за анкетари“ најдоцна до 27 септември, 2024 до 16:00 часот. Апликации што ќе пристигнат по крајниот рок нема да бидат разгледувани.

Аплицирај
en_US