Сектор за Млади
Краен Рок за Пријавување: 03.07.2024
Јавен повик за експерт/ка: Изработка на истражувачка методологија и спроведување на истражување

Центарот за истражување и анализа НОВУС објавува јавен повик за ангажирање на експерт/ка во рамките на иницијативата „Skills Uprise: Connecting Youth to Opportunities!“.
Целта на ангажманот е креирање и изработка на истражувачка методологија, како и спроведување на теренско истражување поврзано со:
- Недостатокот на „меки“ вештини кај младите,
- Бариерите со кои се соочуваат работодавачите при вработување на млади во Струмичкиот микро регион.
Сите заинтересирани кандидати треба да испратат:
- кратка биографија (CV),
- мотивациско писмо,
- финансиска понуда,
на следната е-пошта: contact@associationnovus.org, најдоцна до 14 јули 2024 година (недела), до 23:59 часот.
Оваа иницијатива е поддржана од Активноста на USAID North Macedonia за млади кои активно создаваат можности – Youth Actively Create Opportunities.
