Сектор за Млади
Краен Рок за Пријавување: 25.08.2025
Јавен повик за експерт со искуство во демократско управување, изборен мониторинг и граѓанско учество

Јавен повик за експерт со искуство во демократско управување,изборен мониторинг и граѓанско учество во рамки на проектот „ Изборен Навигатор за зајакнување на демократијата и изборниот процес во С.Македонија” е проект спроведуван од Центар за истражување и анализи НОВУС. Овој проект е субгрант добиен во рамки на „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2” финансиран од Европската Унија.
Центар за истражување и анализи НОВУС објавува оглас за ангажирање на експерт со искуство во демократско управување, изборен мониторинг и граѓанско учество кои ќе има унапредување на граѓанското учество и создавање механизми за фер, транспарентни и инклузивни изборни процеси. Како клучен резултат на предвидената обука е формирање на мрежа за набљудување на изборите, која ќе ги вклучи младите активисти и граѓанските организации во улога на изборни набљудувачи, со цел младите ќе бидат поактивни во изборните процеси, да се намали политичката поларизација и да се унапреди демократската култура.
Таргет група се млади, младото членство од политичките партии и претставници од граѓанските организации кои имаат интерес за политички ангажман со цел да ги продлабочат своите интереси за демократските процеси и подобрување на нивните вештини за застапување.
Обуката е планирана да биде во времетраење од три дена, на тема Зајакнување на младинското учество за деполаризирана и демократска иднина,каде што преку интерактивни модули и практични вежби, учесниците потребно е да развијат вештини за:
- Модул 1: Мониторинг на изборни процеси и демократско управување-изборни правила,транспарентност,улога на институциите.
- Модул 2: Стратешко градење на коалиции и застапување-формирање коалиции, изборно набљудување,дигитални алатки.
- Модул 3:Анализа на изборни податоци и комуникациски стратегии-анализа на податоци,визуелизација,медиумска презентација.
Опис на работен ангажман
Заради исполнувањето на ангажманот предмет на овој јавен повик, обучувачот треба да ги спроведе следните работни задачи:
- Одржување на работни состаноци и комуникација со проектниот тим (во текот на целиот ангажман);
- Подготовка на нацрт програма за обука за развивање вештини на критичко размислување, зависно темата на модулот;
- Спроведување на тренинг обуки во 3 дена за 25 млади;
- Подготовка на извештај за спроведената обука и постигнатите резултати.
- Тренерот треба да биде во редовна координација со проектниот тим при спроведувањето на работните задачи.
Потребни квалификации
- Најмалку 3-годишно релевантно работно искуство со држење на обуки и работилници за млади;
- Искуство во креирање на програми за обука на млади;
- Способност за сумирање и претставување на стручни термини во лесно разбирливи текстови и пораки за млади;
- Одлично познавање на македонски и англиски јазик;
- Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;
- Проактивност и висока исполнителност со минимален надзор;
- Докажани способности за планирање и организација, и имплементација на активности од зачеток до финално известување;
Начин на аплицирање:
Сите заинтересирани кандидати/ки треба да ги достават следните документи:
- Кратка биографија на обучувачот
- Финансиска понуда
- Методологија за работа преку електронска пошта, contact@associationnovus.org со назнака: Понуда за обучувач на тренинг обука за политичко образование.
Добиените апликации ќе бидат разгледани и оценети од Евалуациска комисија составена од членови на Извршната канцеларија и Управниот одбор на Центар за истражување и анализи НОВУС.
Рок на аплицирање: 25.08.2025, 16:00.
За повеќе информации и/или прашања обратете се на contact@associationnovus.org