Сектор за Развој на Заедницата

Краен Рок за Пријавување: 15.07.2024

Јавен повик за за ментори (новинари) кои ќе бидат дел од проектот “Информирана Локална Заедница: Медиумска Писменост и Етичко Известување според ЕУ стандарди”

Центар за истражување и анализи НОВУС објавува повик за ментори (новинари) кои ќе бидат дел од проектот “Информирана Локална Заедница: Медиумска Писменост и Етичко Известување според ЕУ стандарди” поддржан преку програмата за мали грантови на „Тренинг-Академија за новинари и медиумски работници – Т-АЈМ“ финансирана од Европската Унија.

Целта е да ги зајакне капацитетите на младите новинари од областа на мобилното новинарство и мултимедијалните вештини, со цел активно да учествуваат во креирањето на локални перспективи за европска интеграција и бидат мултипликатори на позитивни практики. Како и да ги оспособат со новинарски вештини, начини на презентација, анализа и комуникациските аспекти за актуелни теми поврзани со Европска Унија.

За таа цел се бара пријавените кандидати да ги исполнуваат следните услови:

Да имаат најмалку 5 години искуство како активни новинари

  • Да имаат значајно искуство од областа на мобилното новинарство и мултимедијалното новинарство.
  • Да работат по највисоки етички и новинарски стандарди
  • Да се креативни и посветени во работата и создавањето на финалните продукти од проектот.

За предност исто така ќе се сметаат претходни искуства како менторства и предавања со млади и студенти.

Менторите се бараат за хонорарен ангажман во временски период од еден месец, во кои ќе работат на обучување и менторство за изработка на конкретни медиумски производи заедно со учесниците во програмата креирана за целите на проектот.

Ќе бидат контактирани само оние апликанти кои ќе бидат селектирани. Повикот е отворен до 15 јули 2024, апликации пристигнати по овој датум нема да бидат земени предвид.

Заинтересирани кандидати своето CV и контакти може да ги достават на contact@associationnovus.org.

Аплицирај
en_US