Сектор за Развој на Заедницата

Краен Рок за Пријавување: 09.06.2025

Јавен повик за избор на тројца промотери/ки за реализација на “Караван за Женско Здравје”

Центарот за истражување и анализи НОВУС објавува јавен повик за ангажирање на тројца промотери/ки кои ќе бидат дел од реализацијата на активностите во рамки на „Караванот за Женско Здравје“, што ќе се спроведува во периодот на месец Јуни-Јули 2025 на повеќе локации низ Југоисточниот регион на Република Северна Македонија.

Овој караван има за цел подигнување на јавната свест, едукација и поттикнување на отворен дијалог за теми поврзани со женското здравје, преку директна комуникација со граѓаните и реализирање на интерактивни и едукативни активности. Караванот се реализира во рамки на проектот „Циклус на Грижа: Поддршка за Женското Здравје“, овозможен со поддршка од dm дрогерие маркт

Опис на работниот ангажман

Ангажманот на промотерите/ките подразбира активно учество во теренските активности насочени кон поддршка на женското здравје и благосостојба. Промотерите/ките ќе бидат клучни лица на терен кои ќе комуницираат со граѓаните, ќе споделуваат информации, ќе поттикнуваат отворен разговор и ќе реализираат предвидени активности на секој од штандовите.

Работните задачи вклучуваат:

  • Подготовка и уредување на едукативните штандови на локациите на караванот;
  • Дистрибуција на информативни материјали, брошури и едукативни пакети;
  • Давање јасни сензитивни информации за теми поврзани со женското здравје;
  • Вклучување на посетителите во интерактивни активности (квизови, игри, мини-работилници);
  • Водење на кратки едукативни разговори и одговарање на прашања;
  • Поттикнување на учество на девојки, млади жени, како и други возрасни и социјални групи;
  • Известување до координаторот за текот на активностите;
  • Почитување на етички и комуникациски стандарди при работа со чувствителни теми.

Потребни квалификации:

  • Завршено најмалку средно образование (или студенти на додипломски студии од областа на здравство, образование, социјална работа, комуникации или слично);
  • Основно познавање на теми поврзани со женското здравје, родова еднаквост и благосостојба;
  • Добри комуникациски вештини и способност за пристапен и сензитивен израз;
  • Одговорност и способност за работа во тим и со различни целни групи.

Предност ќе имаат кандидатите кои:

  • Имаат претходно искуство со теренски активности, едукации или волонтерска работа;
  • Поседуваат вештини за фасилитирање на мали групи и интерактивни сесии;
  • Потекнуваат од или добро ги познаваат локалните заедници во Југоисточниот регион.

Начин на аплицирање:

Заинтересираните кандидати треба да достават:

1. Кратка биографија (CV)
2. Мотивациско писмо (во кое ќе опишат како нивните претходни искуства и квалификации се поврзуваат со задачите и целите на проектот)

Документите треба да се испратат најдоцна до 09.06.2025 (понеделник) на е-пошта: contact@associationnovus.org

За дополнителни информации: contact@associationnovus.org или на +389 77 683 258

Аплицирај
en_US