Сектор за Развој на Заедницата

Завршување на проектот: 30.06.2026

Зајакни ГО- Резилентни и инклузивни патеки за социјално претприемништво за младите преку градење капацитети на локални граѓански организации во С.Македониаја

Времетраење : 30 месеци (01.01.2024 – 30.06.2026)

Донатор:  Европска Унија (EU).

Цел: Да ги зајакне локалните граѓански организации од осумте плански региони во Северна Македонија, со цел да придонесуваат активно во социо-економскиот развој. Ова се реализира преку унапредување на нивните компетенции за промовирање и поддршка на социјални претпријатија предводени од млади, кои ги зголемуваат економските можности за вработување.

Специфични Цели на проектот:

  • Да се зајакнат локалните граѓански организации за да можат ефективно да поддржуваат млади луѓе и маргинализирани групи во основање и водење на социјални претпријатија.
  • Да се промовира активно учество на младите во демократски процеси преку нивно вклучување во економски активности од јавен интерес.
  • Да се поттикне економска интеграција на ранливи категории преку развој на иновативни и инклузивни социјални бизниси.
  • Да се создадат поврзани, локално втемелени и одржливи платформи за учење и вмрежување на актери во еко-системот.
  • Да се поддржи формулирање на политики засновани на добри практики и конкретни резултати од теренот.

Целна група и корисници на проектот?

  • Младински граѓански организации кои работат на интеграција на ранливи групи.
  • Нови социјални претприемачи, особено млади и жени од маргинализирани заедници.
  • Широка група млади луѓе и жени кои ќе бидат вклучени во активности на социјалните претпријатија.
  • Еко-системски партнери како што се јавни институции, компании, инвестициски мрежи и организации за поддршка на претприемништво.

Директни Корисници од проектот:

  • Граѓански организации кои ќе добијат обука, алатки и ресурси за работа со социјални претприемачи.
  • Идни социјални претприемачи кои ќе добијат поддршка во развојот на нивните идеи и пристап до менторство.
  • Партнери од еко-системот кои ќе учествуваат во активности на заедничко учење, вмрежување и соработка.

Индиректни корисници од проектот:

  • Млади, жени, и други маргинализирани лица кои ќе се вклучат во економски активности преку новите претпријатија.
  • Постојни социјални претпријатија кои ќе добијат пристап до знаење, практики и поддршка преку мрежата.
  • Мрежи на граѓански организации и претприемачки структури кои ќе го прошират својот фокус кон социјална инклузија.
  • Носители на политики кои ќе добијат нови сознанија и препораки преку резултатите на проектот.
  • Широка јавност која ќе биде информирана и вклучена преку кампањи и промоција на концептот на социјално претприемништво.

Активности во рамки на проектот:

  • Мапирани посетени на граѓански организации
  • Анализа на капацитети и потреби на локални грасрут организации
  • Медиумска кампања на социјалните медиуми за подигање на свеста
  • Обуки и Менторство за Градење на Капацитети
  • Доделување на 10 под- грантови за поддржувачки програми
  • Основање и имплементација на мрежа на Learning Labs (6 градови)
  • Студија за поврзување на македонски ГРО со ЕУ поддршка (студија на случај и посети)
  • Финален настан за промоција и вмрежување помеѓу повеќе сектори- организации, институции, компании, млади претприемачи и др.
en_US