Сектор за Млади
Завршување на проектот: 31.12.2024
Зајакнување на младите и младинските совети во Струмица и Босилово

Времетраење : 5 месеци ( 20.08.2024 – 31.12.2024 )
Донатор: Фондацијата за демократија на Вестминстер (WFD)
Цел: Да се зајакне учеството на младите во процесите на локално одлучување во општините Струмица и Босилово преку градење на капацитетите на локалните младински совети и нивно поврзување со локалната самоуправа.
Специфични Цели на проектот:
- Да се идентификуваат и документираат специфичните потреби и предизвици со кои се соочуваат младите во урбани и рурални средини (Струмица и Босилово).
- Да се подобрат вештините на младинските совети во областа на идентификување на потреби, планирање, пишување предлози, застапување и лобирање.
- Да се создадат можности за директна комуникација и соработка помеѓу младинските совети и општинските власти.
- Да се спроведат мали иницијативи кои ги адресираат приоритетните прашања идентификувани од младите во двете општини.
- Да се промовира транспарентност, отчетност и континуитет на младинското учество преку завршен настан и препораки кон општините.
Целна група и корисници на проектот?
- Членови на локалните младински совети на општините Струмица и Босилово.
- Активни млади лица на возраст од 15 до 29 години кои сакаат да се вклучат во процеси на одлучување.
Директни Корисници од проектот:
- Припадници на младинските совети кои ќе посетуваат работилници и активно ќе учествуваат во сите проектни активности.
- Двајца ангажирани интервјуери и еден експерт за анализа на потребите и креирање методологија за анкета.
- Претставници од општините кои ќе учествуваат на состаноци и финалниот настан.
Индиректни корисници од проектот:
- Младите од општините Струмица и Босилово кои ќе имаат корист од иницијативите и подобрените капацитети на младинските совети.
- Локалната заедница, преку подобрени услуги, младински простори и иницијативи.
- Општинските власти преку добивање јасна слика за младинските приоритети и подобрена соработка со младинските тела.
- Граѓанскиот сектор и други младински организации кои ќе можат да го искористат моделот за своја примена.
