Сектор за Млади
Завршување на проектот: 30.09.2025
Зелена иднина – Јакнење на Преку-граничната соработка за еколошка акција

Времетраење: 1 Aприл – 30 Септември 2025 (6 месеци)
Донатори: Овoj проект го спроведува Центар за истражување и анализи НОВУС во партерство со Discover Serbia и е финансиски поддржан преку Тинк-тенк програмата за грантови на Прогрес Институт за социјална демократија и Фондацијата Калеви Сорса. Програмата за грантови е поддржана од Министерството за надворешни работи на Финскa.
Главна цел:
Зголемување на еколошката свест, вклученоста во креирање политики и промовирање на одржливи практики меѓу младите и локалните заедници во Северна Македонија и Србија. Преку поттикнување на прекугранична соработка, размена на знаења и јавна ангажираност, проектот има за цел да создаде измерливи и долготрајни подобрувања во еколошката писменост, иницијативите водени од заедницата и застапувањето за еколошки политики.
Проектот ќе ја унапреди соработката во областа на животната средина преку спроведување на истражувања, ангажирање на заедниците преку медиумски кампањи, поттикнување на младинска иновација и организирање на интерактивен фестивал со цел да се поттикнат поединци и институции да применуваат позелени практики и политики.
Примарна целна група:
- Млади лица (18–30 години) од Северна Македонија и Србија, вклучувајќи студенти, млади професионалци и активисти заинтересирани за животната средина.
- Членови на заедницата и локални организации кои се ангажирани во одржливи иницијативи.
- Медиумски претставници кои ќе ја пренесат пораката и ќе ја зголемат видливоста на проектот.
Активности:

A1. Прекугранично истражување и Политички Бриф
A2. Зелена Медиумска Кампања и Подкаст Серијал
A3. Кампања за еколошка свест – Северна Македонија и Србија
A4. Младински Предизвик за Зелени Решенија
A5. Конференција и Фестивал „Зелена Иднина“ – Струмица
Очекувани резултати:
R1. Спроведено сеопфатно прекугранично истражување и подготвен политички бриф со најмалку 10 клучни препораки за локалните власти во двете земји.
R2. Успешна медиумска кампања и подкаст серија со четири епизоди, кои ќе допрат до најмалку 50.000 луѓе преку дигитални платформи.
R3. Висока вклученост во кампањата за еколошка свест, со најмалку 1.000 учесници во иницијативата „Зелено Ветување“, видео сведоштва и активации на социјалните мрежи.
R4. Реализација на Младинскиот предизвик за зелени решенија – најмалку 10 тимови развиваат идеи, 5 добиваат менторство, а најдобриот проект добива награда на фестивалот.
R5. Успешна Конференција и Фестивал „Зелена Иднина“ во Струмица со најмалку 150 учесници, 5 панел дискусии и 3 интерактивни работилници кои поттикнуваат прекугранична соработка и капацитети за зелени политики и одржливи практики.