Сектор за Развој на Заедницата

Завршување на проектот: 31.01.2025

Информирана Локална Заедница : Медиумска Писменост и Етичко Известување  според ЕУ стандари

Времетраење : 12 месеци (01.02.2024 – 31.01.2025)

Донатор:  Европска Унија (EU) – дел од програмата за мали грантови на Тренинг Академијата за Новинари и медиумски работници – Т-АЈМ.

Цел: Граденье на локални перспективи за европска интеграциіа преку заjакнување на медиумската и дигиталната писменост, етичко информирање и стандарди за квалитетот на новинарството во Струмичкиот микрорегион.

Специфични Цели на проектот:

  • Зајакнување на капацитетите на локалните медиумски организации, електронски портали, новинари и редакции во струмичкиот микрорегион и на национално ниво;
  • Развивање и имплементирање на програми и кампањи за медиумска и дигитална писменост, насочени кон различни директни и индиректни корисници во контекст на европските перспективи;
  • Едукација и зголемување на капацитетот на граѓаните, особено на младите, за создавање локални перспективи за европска интеграција преку стекнување на вештини и алатки;
  • Залагање за зголемена свесност кај сите релевантни заинтересирани страни и локални власти, како и воспоставување на платформа за локални перспективи за европска интеграција.

Целна група и корисници на проектот?

Општата јавност како група коа е најпогодена и најзасегната од недобивање и немање квалитетни информации од медиумите околу локалните перспективи за европската интеграција

  • Локални и регионални медиумски редакции и новинари
  • Грагански организации
  • Јавни/државни институции

Директни Корисници од проектот:

Општата јавност, локални и регионални медиумски редакции и новинари и медиумските здруженија, со тоа што активностите се наменети за градење на локлани перспективи за европска интеграција преку медиумски и дигитални писмени граѓани,етичко информирање и стандарди за квалитет на новинарството во медиумите од Струмичкиот микрорегион.

Индиректни корисници од проектот: граѓанското општество, младите и јавните/државни институции, преку чиишто активности проектот предвивдува зголемување на нивните капацитети за критичко размислување, како и подигање на нивната свест за правото на слобода и заштита од дезинформации во однос на европските перспективи.

en_US